Приходите клучен фактор за новата цена на струјата

Bez autora
Dec 08 2011

Регулаторната комисија за енергетика јавно ги објави известувањата на енергетските компании: Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), Македонскиот преносен систем оператор (МЕПСО), ЕВН Македонија и ТЕЦ Неготино кои се доставени до нив, а ќе бидат земени предвид при утврдувањето на цената на електричната енергија. Како што појаснуваат од РКЕ, тоа е согласно Правилникот за цени на електрична енергија на тарифните потрошувачи и потсетуваат дека до 14 декември годинава компаниите треба да ги достават барањата за одобрување на регулиран максимален приход, како и цени за регулирана дејност, односно производство на електрична енергија. Од Комисијата не откриваат кога ќе биде договорена подготвителната седница на која ќе се разгледува новата цена на електричната енергија. Во јавноста деновиве се шпекулира дека ќе има нова цена на струјата која ќе биде повисока за 7% и ќе важи од од први јануари 2012 година. Во официјалното известување на ЕЛЕМ се вели дека енергетската компанија планира идната 2012 година да обезбеди 6.024.554.100 киловат-часови електрична енергија, а планираната количина на дистрибуирана струја се очекува да достигне 573.041.055 киловат часови.

Приходите клучен фактор за новата цена на струјатаРегулаторната комисија за енергетика јавно ги објави известувањата на енергетските компании: Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), Македонскиот преносен систем оператор (МЕПСО), ЕВН Македонија и ТЕЦ Неготино кои се доставени до нив, а ќе бидат земени предвид при утврдувањето на цената на електричната енергија.

Како што појаснуваат од РКЕ, тоа е согласно Правилникот за цени на електрична енергија на тарифните потрошувачи и потсетуваат дека до 14 декември годинава компаниите треба да ги достават барањата за одобрување на регулиран максимален приход, како и цени за регулирана дејност, односно производство на електрична енергија.

Од Комисијата не откриваат кога ќе биде договорена подготвителната седница на која ќе се разгледува новата цена на електричната енергија. Во јавноста деновиве се шпекулира дека ќе има нова цена на струјата која ќе биде повисока за 7% и ќе важи од од први јануари 2012 година.

Во официјалното известување на ЕЛЕМ се вели дека енергетската компанија планира идната 2012 година да обезбеди 6.024.554.100 киловат-часови електрична енергија, а планираната количина на дистрибуирана струја се очекува да достигне 573.041.055 киловат часови. Регулираната просечна тарифа за дистрибуција на струјата за следната година ќе изнесува 0,2008 денари за киловат-часови, додека регулираната максимална цена се очекува да биде 4,1446 денари за киловат-час.

ЕВН Македонија известува дека за идната година планираната количина на дистрибуирана електрична енергија за тарифните потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем ќе достигне 5.217.572.316 киловат-часови. Според пресметките на компанијата маржата за дејноста снабдување со електрична енергија за идната година треба да биде најмалку 5%, додека процентот за утврдување на средствата за ликвидност треба да бидат најмалку 3,5 %.

Количината на електричната енергија пренесена од МЕПСО идната година е планирана да достигне 8.421.177.000 киловат-часови, а просечната тарифа за вршење на регулираната дејност да изнесува 0,4051 денари за киловат-часови.

Цената на струјата од први март годинава веќе претрпе корекција и се зголеми за крајните потрошувачи за 5,48%. Поединечно, ЕВН Македонија доби зголемување од 4,77%, МЕПСО - 4,26%, а ЕЛЕМ од 0,54%.

Во моментов просечната цена на електрична енергија изнесува 3,99 денари по киловат-час, додека за домаќинствата таа чини 3,53 денари за скапата тарифа и 1,76 денари за евтина тарифа. Цената на струјата што ја пренесува МЕПСО е 0,2570 денари за киловат-час, а на ЕЛЕМ - 2,1220 денари за киловат-час.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik